Азири, обвинет во „Монструм“: Полицаец ми рече дека ќе се внесе пиштол во затворот и ќе не убијат!

by fokus

Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, на стартот на денешното рочиште обвини за тортура, додека бил носен од затворот Штип до Кривичниот суд.

-Полицаецот ми ги врза рацете назад и ми ги стегна лисиците. Сега рацете ми трнат и ќе барам да ме носат на лекар. Уште од 2014 ми е одобрено рацете да е ми се врзуваат назад, зошто после не можам да присуствувам на судење.  Исто така ми се закануваше, се пожали Азири пред судијата Огнен Ставрев.

Тој истакна дека барал неколку пати да биде префрлен во затворот во Скопје, зошто не можел постојано да патува.

Азири спомна и некаква закана со пиштол.

-Полицаецот ми рече и дека ќе се внесе пиштол во затворот и ќе не убијат, рече Азири.

Судијата рече дека за сето ова ќе го извести директорот на затворот.

В.В.

Поврзани новости