Фаучи за вакцината на „Модерна“: Тешко дека може да добиеме подобро од ова

by fokus

Голем број светски научници и лекари излегоа со со ентузијастички реакции по денешната главна вест – дека вакцината против коронавирус на американската фармацевтска компанија „Модерна“ има речиси 95-отстотна ефикасност.

-Вестите од „Модерна“ се многу возбудливи и постои значителен оптимизам дека во следните неколку месеци ќе имаме избор на добри вакцини. Потребни ни се повеќе детали отколку што добивме во соопштението за јавноста, но самата најава придонесува за општо чувство на оптимизам, изјави професорот Питер Опеншоу од престижниот лондонски Империјален колеџ.

„Гледаме дека следува друга вакцина со слични резултати на ефикасност како вакцината на „Фајзер“ од минатата недела, а тоа е многу добра вест. Треба да се има на ум дека ова се привремени резултати, што значи дека биле испитани доволно случаи кај вакцинирани субјекти за да може да се зборува за статистички значаен резултат “, изјави професорката Труди Ланг од универзитетот во Оксфорд.

Успехот на американската компанија „Модерна“ го искоментира и Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести.

-Ова се очигледно многу возбудливи резултати. Тешко дека може да се добијат подобри резултати од ова – ефикасноста од 95 отсто е навистина извонредна, рече др.Фаучи за Си-Ен-Ен.

Поврзани новости