Фаучи уште на почетокот на пандемијата се сомневал дека вирусот излегол од лабораторија

by Fokus

Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, според неговите електронски пораки до кои имале увид американските медиуми, уште на почетокот на пандемијата на Ковид- 19, минатата година, изразил сомневање дека вирусот може да е излезен од лабораторија.

Би-Би-Си пренсува дека согласно Законот за слобода на информации, „Вашингтон пост“, Си-Ен-Ен и Басфид њуз добиле повеќе од 3.000 страници од приватната електронска кореспонденција на Фаучи од јануари до јуни 2020 година.

Американската тајна служба неодамна повторно ја подгреа тезата дека коронавирусот можеби излегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, иако тие признаваат дека немаат докази за тоа, и во еден од мејловите во јануари 2020 година, добиен од директорот на најголемиот биомедицински институт во САД, се наведува дека „необичните својства“ на вирусот може да покажат дека вирусот е „дизајниран“.

Фаучи во мај кажа дека не е убеден дека вирусот настанал природно, поддржувајќи го продолжувањето на истрагата.

Во првите месеци, американските власти, како и другите влади, разговараа за препораките за носење маски, а во февруари 2020 година, во преписка со поранешниот министер за здравство на САД, Фаучи изјави дека маските се потребни повеќе за да се спречи заразената личност да ја шири инфекцијата врз други лица отколку што обезбедуваат заштита на здрави лица од инфекција. Тој притоа додал дека купените маски во продавница не се ефикасни да го задржат вирусот, кој е доволно мал за да помине низ материјалот.

Објавените мејлови откриваат дека Фаучи често пати имал можност да негира дека бил цензуриран од претседателот Доналд Трамп, а Би-Би-Си пишува дека „мејловите на Фаучи се слични на тестот со дамките на Херман Роршах и дека секој во нив го гледа она што навистина сака да го види. ”

Американските либерални демократи го фалат по ова откритие, додека тој е негативец за приврзаниците на Трамп.

Поврзани новости