638
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која го застапува обвинението за насилствата во општина Центар од 2013 година денеска истакна дека очигледно постои договор меѓу судот и одбраната со единствена цел за одложување на рочиштето.
– На тоа упатува околноста што списите од предметот се наоѓаат во Апелациониот суд, а беа присутни сите обвинети што не се случило долг период. Иако побаравме објаснување за доставувањето на списите, не добивме одговор – истакна Фетаи.
Таа тврди дека СЈО работи и до крајот на неделата ќе ја известат јавноста до каде се постапките кои тие ги водат.