Фатиме бара да се гледа исказот кој Азири го дал како загрозен сведок

by Fokus

По барање на обвинителката Фатиме Фетаи во судница на денешното рочиште за случајот Монструм ќе биде пуштена снимка од исказ на обвинетиот Хаки Азири, која на 7 мај 2012 година ја дал пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ, а во време кога бил загрозен сведок.

-Барам да ја видиме снимката, па да видиме дали обвинетиот Азири имал некакви повреди, бидејќи тврди дека бил тепан, рече Фетаи.

Пред технички да се овозможи пуштањето на снимката, судијата Осман Шабани го прочита првиот исказ кој Азири го дал како загрозен сведок пред истражниот судија Туфегџиќ.

„Тие кај себе немаа оружје, носеа црни капи, но јасно им го видов ликот. Имаа ракавици и на себе носеа црни тренерки. Ги прашав што се случи, а Африм ми одговори: Направивме гомнарија, убивме човек, вози кај тебе дома. Тргнав со автомобилот, возев право, ништо не ги прашав, ниту, пак, тие двајца разговараа“, вели обвинетиот пред истражниот судија.

В.В.

 

 

Поврзани новости