341
МВР информира дека вчера попладне, во 16.15 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.К.(38) и Р.А.(26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Информациите се дека тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.