Фатени се крадци во Кавадарци, украдените пари му се вратени на сопственикот

by Fokus

МВР информира дека вчера во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци.

Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет.

Лицата биле задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости