Фатени се четворица арамии, краделе од возила во скопски Аеродром

by Fokus

МВР информира дека денеска во 06 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје.

Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле „тешки кражби“ во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети.

Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Поврзани новости