587
На локалниот патен правец кој води кон село Триводи, вчера во раните утрински часови полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“, без регистарски ознаки.
Откако возачот на товарното возило, забележал дека кон него се доближува службено моторно возило, запрел, го напуштил товарното возило и побегнал заедно со лицата кои биле во возилото.
Подоцна, по извршен претрес од страна на полициски службеници, на терен биле пронајдени 55 мигранти.