Фатени ловокрадци на дело додека правеле пустош во скопско ловиште

by Fokus

Тројца ловокрадци, вчера беа фатени на дело, во неловен ден, без дозволи за лов, при криволов на фазани во ловиште „Трубарево“ со 7 отстрелани фазани, коишто ги ловеле од теренско возило во движење по нивите во ловиштето во Скопскиот регион. Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото. Инаку, ловокрадците, според сознанијата на концесионерот, на исти начин веќе подолго време го пустошеле ловиштето.

Концесионерот на ловиштето постапил, согласно законот: ги одзел средствата за лов, двете пушки и возило и секако незаконски застреланиот дивеч и случајот го пријавил во МВР, по што следува законска процедура за казнување на ловокрадците.

Законот предвидува строги казни за вакви дела коишто се во Законот за ловство набележани во делот Прекршочни одредби од членот 77, па до член 84 на закон. Конкретниот престап опфаќа дека, покрај одземањето на средствата и предметите за лов и дивечот, е предвидена парична казна по повеќе ставови од посочениот член, како и надокнада за застреланиот дивеч. Постапката е во надлежност на Прекршочната комисија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а висината на казната од овој Закон за ловство се усогласува и според Законот за прекршоци.

Поврзани новости