Полицијата синоќа фатила бегалец од затвор, кој е осуден на пет години затвор. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на осуденикот ме останале уште една година и пет месец од затворската казна.
„Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово. Тој е баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години“, соопшти МВР.
Од МВР велат дека лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.