Фатен е прилепчанец кој вчера украл пари и злато во куќа во Охрид

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 04.30 часот во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.

Тој се сомничи дека вчера извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости