461
МВР информира дека вчера во 15.00 часот на ул. „23 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед сопственост на Д.М.(51) од Скопје, кој бил врзан со сајла.
Лицето се обидело да побегне, но билo фатенo и лишенo од слобода.
Ф.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.