87
МВР информира дека вчера попладне, во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје.
При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.