430
МВР инфомира дека вчера околу 12.30 часот на ул. „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје.
Тој се сомничи дека непосредно пред тоа, на паркинг во кругот на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ на бул. „Гоце Делчев“ од патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(19) од Скопје, одзел ранец со лични предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.