334
МВР информира дека синоќа околу 20 часот и 30 минути, на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.
Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил две тешки кражби, едната во трговски објект во Гостивар, а втората во гостиварската болница.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.