Фатен е дилер во Волково, запленета дрога

by Fokus

МВР информира дека на 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К.(31) во Волково, Скопско.

При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Поврзани новости