3
МВР информира дека вчера попладне во 17.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(47) од с. Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.