Фатен е дилер од Тетовско, спроведен е во затвор за казна од четири години

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

 

Поврзани новости