378
Од МВР информираат дека синоќа во 20.45 часот на ул. „Скоевска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(34) од с. Арнакија, општина Сарај.
Тој бил осуден на казна затвор од 5 години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде имал за доиздржување уште две години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.