372
МВР информира дека денеска во 10.30 часот во атарот на село Добрешане, Кумановско, оперативен тим – Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М.Ф.(35) од Куманово.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и 2 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.
М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа затвор Идризово каде има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена.