343
МВР информира дека вчера по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје.
Тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик, а поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена.
Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.