337
МВР информира дека вчера во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје.
Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и на 25.10.2023 украл велосипеди.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.