Фатен е 18-годишник кој украл електричен тротинет

by Fokus

МВР информира дека на 25.04.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(18) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 24.04.2023 во Градски парк одзел електричен тротинет од Г.Т.(20) од с .Марино, општина Илинден.

Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости