85
Денеска во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ.
Имено, малолетникот рано утринава, во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот.
Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.