Фатен 23-годишен прилепчанец кој испразнил сеф со девизи и злато во вредност од два милиони денари

by fokus

Против 23-годишниот прилепчанец В.Д. е покрената кривична пријава за „тешка кражба“. Според полицијата В.Д. извршил кражба во приватен сеф на златен накит и пари во различни валути, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.200.000 денари.

„На 18-ти овој месец во период од 19.00 до 23.30 часот пријавениот го скршил цилиндерот од металната порта, влегол во дворот, а потоа во куќата сопственост на Г.М.. Откако влегол во подрумот, ја отворил вратата од метален сеф и од сефот одзел пари во различни валути и апоени и тоа евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти. Освен парични средства пријавениот пронашол и одзел и различен златен накит и тоа повеќе стари златни франги, шест до седум златни женски прстени, четири женски ланчиња, мала детска белезгија, сребрена пара, марамче на кое имало пришиено сребрена и златна пара и различни златни приврзоци. Откако ги одзел предметите од сефот, се качил и на вториот спрат од куќата, испретурал по сите соби и од детската соба одзел еден женски часовник марка „Есприт“ и различен сребрен женски накит. Пријавениот предизвикал материјална штета во вкупна вредност од околу 2.200.000 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

Поврзани новости