Фасадата на Владата не била само „ружна“, туку и лесно запалива!?

by fokus

Освен спомениците и барокните згради, и фасадата на Владата, која чинеше 17,7 милиони евра, е под лупа на истражителите и обвинителите, кои веќе со години го истражуваат проектот „Скопје 2014“.

Како што дознава „Фокус“, сомнежите се дека материјалот кој требало да биде употребен при изработката на фасадата не е со истиот квалитет како оној што е испорачан. Она, пак, што го засилува алармот е што наводно станува збор за материјал кој е лесно запалив, односно во случај на пожар, пламнените јазици за краток период би ја „проголтале“ зградата.

Она што сега е задача на обвинителството е да утврдат дали материјалите кои биле наведени во тендерската документација се истите кои се употребени при изградбата? Постои можност материјалите да се разликуваат, односно да е употребен еквивалент на нив, односно различни градежни материјали, но со ист квалитет. Се останато ќе се смета за злоупотреба.

Од Обвинителствоо не откриваат детали, туку само порачуваат дека предистрагата е во напредна фаза.

Пишува: Валентина Вурмо

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости