Длабоко сум шокиран и повреден од веста што се појави во медиумите за мојот родител. Не можам да го најдам вистинскиот збор да го опишам овој момент, напиша на фејсбук Фари Хисени, портпарол на ВЛЕН, откако Јавното обвинителство соопшти дека 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил полови дејствија врз дете родено во 2008 година, а „360 Степени“ објави дека станува збор за татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.
„Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата. Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам.
Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање.
Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста“, напиша Хисени.
ЈО: Скопјанец во парк повикал малолетник и почнал да го допира