Одлични вести за македонската фудбалска репрезентација вечерва доаѓаат од Фарските Острови каде Фараните им откинаа два бода и на Ерменците. Натпреварот заврши 2-2 благодарение на голот на гостите во 93 минута.
Фарски Острови двапати водеа против Ерменија.
Сега само од Македонија зависи дали ќе завршиме на првото место во групата и ќе се искачиме на нивото Б во Лигата на нации на УЕФА.
Поради вечерашниот резултат на Фарски Острови, Македонија дури и со пораз од еден гол разлика од Ерменија (во недела во Ереван) ќе може да ја обезбеди првата позиција, доколку на домашните средби со Летонија и Фарски Острови слави победи.
По три одиграни кола Македонија има седум освоени бода, Ерменија има четири, а ако на крајот двете селекции имаат идентичен број на бодови, одлучува меѓусебните дуел.
Во Скопје „рисовите“ славеа со резултат 2-0.