Рокенрол дивата Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. Обожавателите на големо се збогуваат со неа, а трогателни сцени се забележани на Булеварот на славните во Холивуд, каде легендарната пејачка има своја ѕвезда.
Токму на тоа место обожавателите оставија пораки, ставија очила, цвеќе и фотографии од Тина Тарнер.
Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок, почина вчера по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.
Таа отсекогаш била препознатлива по своите неверојатно енергични настапи и нејзината голема способност да ја воодушеви публиката на уникатен начин, како што дотогаш не успеала ниту една жена од музичката сцена.
Тина Тарнер беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“.