7
Како што вчера објави „Фокус“, Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ.
Таа ја замени на таа позиција актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз на СДСМ во мај годинава.
Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.
Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска.