843
Фактура во износ од 8.750 денари, направена за комитска забава на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна стигнала на адреса на ЈП „Пазари“ во Битола, објави Фактор.
Директорот на претпријатието Александар Касапов ги објави спорните фактури и посочил дека нема намера да ги исплати. Тој појаснил дека фактура за извршени угостителски услуги во износ од 8.750 денари, на која е запишано дека била за „Комитска забава“ пред десет месеци, деновиве стасала на адреса на ЈП „ Пазари“-Битола .
На фатурата стои дека услугите се дадени на 21 јули 2017 година во еден од рестораните во Битола, а доаѓа за наплата после речиси десет месеци.