Според министерот за јавна администрација Горан Минчев најавениот протест на вработенте во дел од министерствата е демократско право. Тој во интервју за ТВ24 вели дека платите во администрацијата се мали, но барањето за зголемување од 30 проценти е преголемо.
„Сметам дека таа сума е преголема. Факт е дека платите во администрацијата се мали, но постојат две опции – еден колективен договор за сите, но и индивидуални колективни договори за секоја институција посебно, рече Минчев.
Тој додаде дека зголемувањето ќе биде возможно само ако се обезбедат средства преку Министерството за финансии, но процесот ќе бара време поради проблемите со буџетот.
Со новите законски решенија, вели Минчев, треба да се реформира администрацијата во која, според него, само 30 до 40 проценти од административците си ја работат работата, одреден дел воопшто не работат, некаде има дефицит од кадар, а некаде, пак, превработеност.