Фајзер полека завршува на Дрисла, нова вакцина во Македонија

by Fokus

Дел од граѓаните едвај чекаа да стигнат првите дози на вакцини, а имунизацијата на населението започна масовно  и се чекаше со часови пред вакциналните пунктови, но само по неколку месеци работите добија сосема нов тек.

Последните информации се дека вакцинацијата застанала на околу 40 посто имунизирани, а во последниот период едвај 1.000 граѓани неделно можат да се најдат пред вакциналните пунктови.

Вакцинацијата стагнира веќе некое време. Луѓето кои веруваат во вакцините примаат и трета доза, додека многу поголем дел се уште не примиле и прва. Нема дилема дека со широк опфат на вакцинацијата се е полесно и затоа ќе продолжиме со позитивна кампања за зголемување на довербата во вакцините.

 

Наскоро очекуваме да добиеме поголема количина од вакцината на Јансен, па можеби противниците на мРНК вакцините ќе ја прифатат оваа аденовирусна вакцина подобро“, тврди во изјава за „Фокус“, доктор Александар Петличковски, новиот претседател на Комисијата за заразни болести.

Тоа што досега не е познато е дека Македонија ќе ја добие и вакцината што ја произведува белгиската компанија „Јансен“, која е во сопственост на „Џонсон и Џонсон“. Досега, ова е единствена вакцина која се користи само во една доза.

Нашите извори тврдат дека за вакцината Џонсон, министерството за здравство добило понуда за донација од Данска и Хрватска. Тоа што е карактеристично за оваа вакцина е дека станува збор за векторска вакцина, која функционира преку користење на за човекот безопасни транспортни вируси кои го пренесуваат генетскиот материјал од спајк-протеинот на САРС-Ков-2 до ќелиите, каде се рамножуваат типичните протеини и со тоа предизвикуваат имунолошка реакција на организмот.

Оваа вакцина по своите карактеристики е поблиска до Астра Зенека и руската Спутник, отколку до Фајзер.

Во Бугарија се користи повеќе од година ипол и многу од Македонците веќе се вакцинирале таму.

Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости