636
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ информираше дека постигнала договор за купување на Arena Pharmaceuticals за 6,7 милијарди долари.
„Арена” произведува лекови за гастроентеролошки, дерматолошки и срцеви заболувања и ја прифати понудата на „Фајзер” од 100 долари по акција.
Таа понуда беше двојно поголема од последната цена на затворање на акциите во петокот, која се зголеми за 92 отсто на 95,90 долари за време на тргувањето пред продажбата.
„Арена” е биофармацевтска компанија основана во 1997 година со седиште во Сан Диего, а се очекува купувањето да се реализира во првата половина на 2022 година.