„Фајзер“ испитува нова вакцина против омикрон

by fokus

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот.

Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе.

– Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од појава на тешки форми на болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогнеме во решавање на проблеми предизвикани од омикрон или можни нови соеви во иднина, се наведува во соопштението на виш потпретседател на компанијата „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.

Вакцината специјално направена против сојот омикрон ќе се дава во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.

Поврзани новости