Министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон неодамна беше примена во болница поради воспаление на бубрезите. Таа денеска се огласи на социјалните мрежи и ја истакна важноста на ретките болести и борбата што човечката популација ја води со нив.
„Денес е Светски ден на ретките болести. Денот кој секоја година го одбележувам со посочување на овие болести и важноста од квалитетен третман за луѓето во Словенија. Како личност со ХМЛ и јас самата бев активна во проекти за подигање на свеста, а денес го поминувам овој ден во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде од минатата недела лекувам воспаление и се надевам дека ќе заврши успешно. Неделата беше уште едно ново искуство за тоа колку е важно пациентите да се поврзат со некој кој има слично искуство“, рече таа.
Таа додаде дека можеме многу да кажеме за здравството во Словенија, но дека не треба да судиме.
„Само ќе напишам дека овие денови повторно ја доживеав извонредната топлина, љубезност, посветеност на лекарите, персоналот, сите што се грижат за нас пациентите. Убавите зборови, насмевката е поважна отколку што мисли некој. А ги имаше многу “, изјави таа.
Таа им се заблагодари на сите кои насекаде се грижат за болните.
„Исто така до сите наши роднини и најблиски. Силни! Горди! Побројни!. Ова е слоганот на кампањата за овогодинешниот Светски ден на ретки болести. Здравјето е се што имаме. На сите им посакувам брзо закрепнување. И да не заборавиме да земеме грижа за нашето здравје. Јас сум и секогаш ќе се залагам за квалитетно и јавно здравство за сите“, заклучи таа.