Фајон: Макрон разбуди се, покажи политичка зрелост и одговорност!

by Фокус

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, ја критикуваше одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија, порачувајќи му на Емануел Макрон да покаже политичка зрелост и одговорност.

„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, пишува Фајон.

Поврзани новости