Не е случајно што земји како Македонија, Србија и Словенија, кои исто како Хрватска некогаш биле дел од комунистичка Југославија, тешко ги прифаќаа економските реформи во последните 20 години. Традицијата на вработување во државниот секотор по политичка линија тешко изумира во југоисточна Европа, пишува угледниот „Фајненшл тајмс“ на својата блог-платфора во текст посветен на Хрватска.
„Членството во Евроспката унија требаше да им помоне на земјите од среда и од источна Европа обезедувајќи им милијадри евра преку фондовите за регионална помош со тоа што тие пари би се вложиле во инфраструктурата и во сличните проекти. Одличен пример е Полска која паметно ги искористи парите, како и Шпанија во деведесетите“, коментира „Фајненшл тамјс“.
Меѓутоа, смета весникот, Хрватска се покажала како неверојатно спора во користењето на средстава кои ЕУ ѝ ги ставила на располагање седум години пред приклучувањето во ЕУ.