510
Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка на предлог на гувренерката Анита Ангеловска-Бежоска. Тој вчера дал свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.
– Народната банка изразува задоволство што Собранието на Република Северна Македонија повторно со големо мнозинство го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.
Бајрами беше избран за вицегувернер во рамки на 110. пленарна седница одржана на 31 август годинава.