Фабриките и погоните да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот

by Fokus

Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска апелира фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени, напомнувајќи дека инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат непочитувањето на владините одлуки.

„Деновиве сме сведоци на непочитување на препораките од Владата од страна на дел од производствените компании, рестораните и други субјекти. Апелираме фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени. Препораката на Владата производството да се одвива во четири смени со цел да има што помал број вработени во смена и да се дезинфицира просторот по секоја смена. Инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат секое непочитување на владините одлуки и заклучоци“ – информираа од Кабинетот на Царовска.

Поврзани новости