Фабио Канаваро – нов селектор на Узбекистан

by irena 10:04
10:04

Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан.

Канаваро потпиша договор, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Италијанскиот стручњак го замени Тимур Кападзе на функцијата селектор на Узбекистан.

Во јуни, фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство за првпат во историјата.

Канаваро претходно ги тренираше Динамо Загреб, Удинезе, Беневенто, Гуангжу, Тјанџин, Ал Наср и кинеската фудбалска репрезентација.

Слични вести