1K
Откако ќе излезат од истражниот затвор “Скопје”, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески нема да смеат да ги напуштат своите домови, бидејќи Апелациониот суд им одреди мерка куќен притвор.
На Камчев и Панделески чести гости ќе им бидат полицајци, кои по неколку пати во денот ќе проверуваат дали се дома. Како што ни појаснија од СЈО, побарано е полицијата неколку пати во денот, ненајавено да вршат контроли, што е наведено и во решението на судот.
Доколку полицијата утврди дека не се дома, веднш ќе им биде вратена мерката притвор.
В.В.