Италијанец Дамијано Давид победи на овогодинешната Евровизија и успеа да ги маѓепса жените ширум светот со својата харизма. Во интервју за „Вог Италија“, тој говореше за својот приватен живот и написите со користењето на наркотични средства.
„Креативноста доаѓа од здрав и чист ум. Дрогата е само една валкана работа, ништо друго“, кратко истакна Давид.
Неговата мајка била важна фигура во неговиот живот, па и посветил голем број од неговите тетоважи. Со музика почнал да се занимава уште од средношколски денови.
„Во училиште бев од 8 до 14 часот, а од 15 до 22 часот вежбавме со бендот. Така беше секој ден и ништо не ме спречуваше да одам на проба“, додава тој. Во интервјуто Давид говореше и за жените кои мошне го привлекуваат.
„Немам прототип на жена која ми се допаѓа. Секоја жена ја сметам за убава. Сакам многу слаби девојки, но и девојки со изразени облини. Го сакам женското тело. Како и да е, сакам убави девојки, ги сакам сите“, вели тој, додавајќи дека своето прво сексуално искуство го имал на 13-годишна возраст со постара девојка и призна дека отсекогаш го привлекуваат постари девојки.