Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, Обединетото Кралство потенцијален домаќин

by Fokus

По победата на Евровизија 2022 на Украина и Калуш Оркестра со песната ,,Стефанија”, Украина сепак нема да биде домаќин на музичката манифестација во 2023 година. Ова денес го објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира настанот, со образложение дека Украина не е безбедна за одржување на настанот.

-Традиција е победникот на Евровизија да биде домаќин на настанот наредната година, но треба да се обезбедат одредени критериуми, помеѓу кои и безбедноста. По направените анализи, поради воената инвазија на Русија врз Украина, заклучивме дека не можат да бидат исполнети безбедносните и оперативни гаранции – информира организаторот.

Поради тоа, појаснуваат дека ќе се започнат разговори со Обединетото Кралство, односно со Би-Би-Си, чиј претставник Сем Рајдер заврши на второ место на Евровизија 2022, со што Обединетото Кралство станува потенцијален домаќин наредната година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости