499
Еврото падна на најниско ниво од 2002 година во однос на доларот поради стравувањата дека може да се наѕира рецесија во еврозоната. Вредноста на валутата сега е 1,0281 долари.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Заедничката валута на еврозоната денеска падна на најниската вредност во однос на доларот во последните две децении, бидејќи новиот пораст на европските цени на гасот ги продлабочи стравувањата од рецесија.
Економскиот раст во еврозоната пропаѓа, со зголемени цени поради економското влијание на војната во Украина.