Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ никогаш не била заинтересирана за поранешните војници на ОВК, велат од ВЛЕН. Оттаму ѝ порачаа на „Европски фронт“ дека треба да направат една ретроспектива на минатото.
Нивната изјава следи откако од ДУИ реагираа дека владата станува марионета на Србија.
„Сè уште на вознемирениот Балкан и во регионот немаме мир меѓу населението и некој сака да се бунтува и да прави глупости. Вие сте сведок на тоа што е сега оваа власт, која за жал ја игра играта на другите и станува пион на други и пион на Србија. За жал, тие спроведуваат некои работи кои би можеле да се поминат со елеганција и војниците на ОВК да можат слободно да се движат низ Македонија. Но, ова е влада која е докажана и се додека ние имаме министер кој е поддржувач на Путин и министер кој не прифаќа независно Косово, вакви работи ќе ни се случуваат“, рече пратеникот на ДУИ, Садула Дураку.
МВР денес го потврди апсењето на поранешниот припадник на ОВК, по потерница на Интерпол Србија.