497
На официјалниот канал на музичиот натпревар Евросонг е објавена најавата за нашето учество на Евровизија 2019. Од Северна Македонија, Тамара Тодевска ќе ја претстави ,,Горда” во Тел Авив – е насловот на текстот со кој организаторите на манифестацијата на фановите на Евровизија им ја претставија Тодевска, песната со која ќе настапиме, но и информации околу нашата историја на учества на настанот.
-Северна Македонија дебитираше на Евровизија во 1998 година, но под името Поранешна Југословенска Република Македонија, се до оваа година. Земјата се појавила во големото финале осум пати и само два пати завршила во горната половина. Најдобриот резултат и го донесе Елена Ристеска во 2006 година, кога заврши на 12-то место со песната ,,Нинанајна”. Северна Македонија се квалификуваше само еднаш во полу – финале во изминатите 11 години, во 2012 година, кога Калиопи ја отпеа ,,Црно и бело” и заврши 13-та во големото финале. Таа го држи рекордот во најмногу претставувања на својата земја, дури три пати, во 1996 со ,,Само ти”, но не се квалификуваше, во 2012 и во 2016 година со ,,Дона’ – пишува на официјалниот канал на Евросонг.
Од таму, ги прашуваат фановите на настанот дали Тамара ќе ја направи Северна Македонија горда и дали ќе успее да влезе во големото финале, а повеќето коментари околу песната и видео записот за истата се позитивни. Тамара ќе ја претставува Северна Македонија за прв пат со новото име на земјата, во второто полу- финале на Евровизија 2019 на 16-ти мај.
Вики Клинчарова