Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања рече дека од политички аспект имаме основа да стават европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10. Тој рече дека тоа го прават за да успеат да ги изградат овие автопатишта и да ја комплетираат трансевропската мрежа на коридори во Северна Македонија.
Маричиќ рече дека се во редовна комуникација со Европската Унија и им објасниле зошто го прават тоа. Тој кажа дека европското знаменце на овие закони се ствата за да се избегнат блокадите од партијата Левица.
„Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост“, изјави Маричиќ.
Тој призна дека знаат оти овие закони не се усогласени со некое европско аки, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.