Европските социјалисти: Под раководствотo на Заев земјата ќе продолжи по демократскиот пат

by Fokus

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска го поздрави коалицискиот договор за нова влада, кој вчера го објавија СДСМ и ДУИ, а според кој Заев ќе биде премиер во целиот мандат со тоа што 100 дена пред следните избори функцијата ќе ја отстапи на кадар на ДУИ.

„Ова е одличен момент за Северна Македонија. Под постојаното раководство на Зоран Заев, земјата сега може да продолжи по својот демократски, европски пат. Го поздравуваме постигнатиот договор и се надеваме на брз напредок, така што новата влада предводена од Зоран Заев ќе биде одобрена и од парламентот и ќе може да почне со работа“, вели претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.

 

Поврзани новости